Холивудската актерка Стана Катиќ добива смртни закани


Холивудската актерка со српско потекло Стана Катиќ и нејзиниот сопруг ги пријавиле во полиција заканите што ги добиваат во последно време сè почесто. Стана и нејзиниот сопруг толкумногу биле измалтретирани така што морале да побараат помош од полицијата. stana katic
Извор близок на службени лица од полицијата рекол дека сопругот на Стана, Крис, отишол да го пријави во полиција непознатиот човек којшто на актерката ѝ се заканува на социјалните мрежи. Меѓу заканите се и речениците „Крис, се надевам дека ќе умреш“, „Посакувам ти и целото твое семејство да добиете рак“ итн.

Вознемирувањето почнало уште во октомври, но работите се влошиле во февруари кога непознатиот човек почнал да им се заканува на членовите на семејството на Стана и на нејзиното куче, на кое му го знае и името. Стана и Крис се загрижени бидејќи тие имиња не се наведени никаде во јавноста.

Полицијата утврдила дека осомничениот не е во Америка, но сè уште не стапиле во контакт со него.

Стана Катиќ ја глуми Кејт Бекет во детективската серија „Кастл“ последните седум сезони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1