Медицинска сестра од пеколот: Италијанка си ги убивала пациентите


Неодамна една медицинска сестра од Италија била обвинета за убиство на тринаесет нејзини пациенти во периодот помеѓу 2014 и 2015 година.BOLNICA 33

Нејзиното откривање било отежнато со фактот дека таа напаѓала постари лица, со што нејзините злодела биле полесни за прикривање. 55-годишната медицинска сестра која работела во болница во Пјомбино била уапсена за убиство на најмалку тринаесет нејзини пациенти.

Сите нејзини жртви се наоѓале на возраст помеѓу 61 и 88 години и се верува дека ги убивала со давање на смртоносни дози на антикоагулант преку инфузија.

Полицијата се посомневала во сестрата откако согледала дека сите починати пациенти биле во нејзина грижа.

Кога осомничената била преместена во одделението за интензивна нега, смртната стапка во поранешното одделение се намалила за осум отсто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1