КРИМИНОЛОГ: Јелена е убиена од страст


Убиството на младата пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ го потресе регионот. Таа беше брутално убиена додека трчала во населбата Црвенка во Борча. Извесно време ја следеле сопругот и ќерката, но потоа ја изгубиле од вид. Следниот ден полицијата ја пронајде мртва во канал.

Што се случува со се почестите убиства на жени и дали низ Србија коси сериски убиец? За целата ситуација, која станува се позаплеткана зборуваат и криминолозите.potraga-jelena

– Според она што го видов, нема место за паника, ова е убиство од страст со огромно количество омраза, зашто вака убиваат главно оние на кои им е криво огледалото, односно оние на кои им е невозвратено нешто за што сметаат дека имаат право и дека им припаѓа, објаснува криминологот Златко Николиќ, за српски Курир.

Додава дека луѓето како несреќната пејачка се предодредени да бидат жртви, зашто се експонирани на социјалните мрежи.

Тој нагласува дека убиството на Јелена било планирано и одработено со голема омраза и се надева дека овој случај ќе биде што поскоро решен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1