Холивудски актер плаќал секс со српски старлети


Холивудска ѕвезда од серија акциони филмови во Црна Гора се дружел со српската Плејбој зајачицата Божана Вујиновиќ. А една од најпознатите манекенки на светот била дури со три девојки кои работеле за  озогласениот белградски макро Михајло Максимовиќ (33), открива анонимен извор за српски „Курир“.

Меѓу клиентите на Максимовиќ  биле и некои преставници на светскиот џет -сет . Според информациите до кои дошол српскиот весник , со српските старлети се дружел познат холивудски актер од акционите филмови, една од најплатените светски манекенки, но и  еден познат политичар од моќна странска земја.sigal-brosnan-madsen-1421742631-609431

Неодамна првото основно тужителство покренало истрага против Максимовиќ поради сомнеж дека организирал мрежа на елитна проституција.

За Максимовиќ работеле 12 девојки, меѓу кои и најпознатата старлета Милица Живановиќ позната како Мими Оро и Плејбој зајачицата Божана Вујиновиќ. Покрај манекенките за белградскиот макро работеле и медицински сестри, студентки и една менаџерка на хотел. Сепак како што пренесуваат српските медиуми, Божана била најскапа и најбарана девојка.

– Токму таа најмногу му се допадна на американскиот актер, кој беше во нашата земја. Максимовиќ своите девојки ги водел на црногорското приморје каде што работеле од јуни до септември. Холивудскиот актер и ѕвезда на акционите филмвои за време на престојот во Црна Гора дошол во контакт со старлетите. Навечер имал прилика во одбрано друшво да се дружи и со Божана. Таа по нивната дружба поставила фотографија со актерот , но по нејзинотот неодамнешно апсење ја избришала – раскажал извор за српски „Курир“.

Со девојките на Максимовиќ во Црна Гора се дружела и светски позната манекенка.
– Станува збор за една од најплатените манекенки на сите времиња, која минатата година исто така беше во Црна Гора. На манекенката слабост и се убавите девојки. Михајло и испратил каталог да одбере две девојки, додека третатат пак ја добила гратис. Манекенката се одлучила за една старлета од Босна а со неа тргнале и две нејзини колешки – објаснува доброупатениот извор.

Листата на познати светски личност овде не се завршува. Престојот во Србија за дружење со девојките на Максимовиќ ја искористил и роднина на политичар од една од најмоќните држави во светот.

– Тој беше најгалантниот клиент. Изнајми три девојки, на кои за три часа дружење во еден познат хотелво Нов Белград им дал по 1.000 евра. Тоа се случи  во август 2013 година – вели изворот.

Божана Вујиновќ за српски „Курир“ вели дека од холивуските актери го запознала Стивен Сегал.

– Се најдовме во исто друштво во Будва, но само испивме пијалак и секој си продолжи по својот пат. На тоа се заврши – изјавила Плејбој зајачицата..

Изворот открил како функционирал синџирот на белградскиот макро.

– Тој секој први во месецот имаше состанок со своите девојки. На состанокот се собирало која девојка колку пари земала од клиентото. Исто така се говорело за проблемите поврзани со однесувањето  на девојките бидејќи некои од нив имале несогалсувања со клиентите така во една прилика Мими Оро се побунила поради тоа што макрото ја испраќал Божана на полесни задачи а неа на потешки. Тие двете оттогаш се во лоши односи – вели изворот.

Меѓу познатите актерите кои прстојувале во Србија се Стивен Сегал кој во јули ја посети Србија а во август беше во Црна Гора, потоа Пирс Броснан кој престојуваше во Србија од мај до јули 2013 и Мајкл Медсен кој ја посети Србија во февруари 2013 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1