Доказите покажале дека далечните роднини на современиот човек почнале да се повлекуваат и исчезнуваат од Европа многу пред масивната вулканска ерупција која го турнала цел континент во ледена ера.
Со проучување на слоеви од вулканска пепел се дошло до сознание кое покажало дека климата не била пресуден фактор за уништување на Неандарталците. Голема е веројатноста истите да биле уништени од Хомо сапиенс кој мигрирал од Африка.
Повеќето експерти се едногласни дека Неандарталците не можеле да се натпреваруваат во потрагата по природни ресурси со далечните припадници на човечкиот вид, кој поседувал подобро орудие, оружје и начин на комуникација.