Хомосексуалците нема да можат анонимно да донираат сперма


Поради тоа што има поголема шанса да се носители на ХИВ вирусот, на сексуално активните хомосексуалци во САД, ќе им биде забрането да бидат анонимни донатори на сперма.


Иако, на донираниот примерок, веднаш, а и по неколку месеци од замрзнувањето, можат да бидат извршени тестови за ХИВ, FDA (Food and Drug Administration) ќе им забрани на сите луѓе, кои во последните пет години имале хомосексуален однос, да донираат сперма, објави Associated Press.

На хетеросексуалците кои практикуваат  небезбедни сексуални односи, нема да им биде забрането да бидат донатори.
-Според овие правила, хетеросексуалец кој имал незаштитен секс со ХИВ-позитивни проститутки, една година подоцна би можел да биде донатор, но хомосексуалец во моногамија, кој има безбедни односи, не би бил доволно добар за донатор, освен ако не се воздржувал од секс цели пет години, смета Leland Traiman, Директор на клиника во Калифорнија.
FDA ги отфрли сите барања за повторно разгледување на оваа одредба, која ќе стапи на сила на 25 мај следната година.

Некои доктори и хомосексуалци оваа одлука ја нарекоа “политика врз основа на омраза.”
Одредбата најверојатно, најмногу ќе влијае на лезбејските парови, бидејќи поголем број од нив кои сакале дете, барале да добијат сперма за вештачко оплодување од анонимен донатор-хомосексуалец.
Доколку во последните пет години биле сексуално активни, мажите со хомосексуална определба нема да смеат да бидат донатори, освен доколку жената не побара одреден донатор – хомосексуалец, кој го познава.
Во тој случај, клиниката може да ја обезбеди таа услуга, без разлика на сексуалната историја на човекот.

Tags: , , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1