ХОРОР: 20 години го барала татко и, а тој брутално ја силувал


Кога девојката од Мелбурн по 20 години влегла во трага на својот татко, не ни можела да замисли дека нејзината средба ќе заврши со краен ужас. Иако начула дека во минатото бил поврзан со насилие, се одлучила да го повика на гости и да го запознае со своето семејство.

38- годишниот маж во посетата на неговата ќерка стигнал со синот и партнерката, која престојувале во посебна соба. Кога конечно се сретнаа, ќерката не криела колку е среќна поради тоа.siluvano-devojka-1

-Беше тоа прв пат да го запознаам својот татко. И тој беше среќен што ме гледа мене, изјави таа.

Но среќата траеше кратко, се до моментот кога таткото и ќерката останаа сами во куќата. Целата ситуација тргна наопаку кога таткото и рекол на ќерката да го прегрне, а потоа ја бакнал во вратот и почнал да ја допира. Како што изјавила веднаш почнала да го одалечува од себе, па тогаш го покажал својот насилнички карактер.

И рекол дека ќе ја сака засекогаш и брутално ја силувал.

Жртвата на судот го опиша мачниот настан.

-Не реков ниту направив нешто. Чувствував дека морам да соработувам, а да не речам ништо. Се плашев дека може да настрадам. Мислев дека ќе се налути ако се обидам да го спречам, вели таа.

Додала и дека се чувствува ужасно.

-Само сакав да отидам под туш. Се чувствував валкано, заклучи таа.

Кога нејзиниот сопруг дојде дома, веднаш повикаа полиција.

Нејзиниот татко злочинот кој го направил на почетокот го негирал и тврдел дека ќерката го присилила на секс.

По детално испитување ја признал вината и е осуден за инцест на четири години затвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1