ХОРОР: 9 мажи силувале жена – сопругот го приморале да гледа


Хорор во Папуа Нова Гвинеја. Девет вооружени мажи силувале државјанка на САД (32) пред очите на нејзиниот сопруг.

siluvanjeЖената која била научник, а во оваа земја истражувала егзотични птици и влијанието на климатските промени врз природата, била нападната на островот Каркар, додека низ шумата шетала со сопругот и водичот. Вооружените мажи излегле од грмушките, ја грабнале жената, со нож и ја отсекле косата и брутално ја силувале. Нејзиниот сопруг и водичот ги врзале за дрво и ги приморале да гледаат.

Ужасниот чин е прекинат по 20 минути, откако мажите слушнале дека некој доаѓа и избегале. Водичот успеал да се одврзе и да го ослободи брачниот пар. Тројцата, како што велат, со часови трчале низ шумата, како би побегнале од местото. Помош им пружиле мештаните од локалното село, кои им дале облека и им помогнале да ги алармираат властите.

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја Питер О’Нил рекол дека тоа било “кукавички напад на животни”.

Оваа островска земја е позната по бруталните односи кон жените. Во февруари оваа година, млада мајка (20) беше обвинета за вештерство и беше жива запалена во селото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1