Хорор градинка: Ги тепале децата, ги опивале со вино, ги трезнеле со кафе (Видео)


Вработените во градинката “Мало Кралство” во романскиот град Костанца, од 9 до 12 часот ги вклучувале камерите, за родителите на децата да видат како нивните деца си играат.

Камерите обично се исклучувале во 12 часот, кога децата оделе да спијат. А токму тогаш почнувал нивниот ужас,.
gradinka hororВо една ситуација негувателките заборавиле да ги исклучат камерите, а еден родител токму тогаш се логирал на интернет за да го провери своето дете. Кога видел како се однесуваат кон децата, доживеал шок.

Открил дека негувателките по 12 часот се “претвораат” во злоставувачи со кои ниту возрасни лица не би се дружеле, а уште помалку да им ги остават своите мали потомци.

Родителот раскажал се’ во полиција, и во тек е проверка на снимките од надзорните камери. Според неофицијалните информации, злоставување во градинката постоело и тоа во облик на нанесување на физичка болка и опивање на децата за полесно да заспијат. Стефан Роман, адвокат на родителите кои поднеле тужба против негувателките, нагласил дека тие на децата им давале кафе, непосредно пред нивните родители да дојдат по нив.

Снимките им објасниле на родителите зошто нивните деца често доаѓале дома со модринки, а негувателките им велеле дека истите настанувале во игра.

Оваа романска градинка не е затворена ни по сериозните обвинувања поради дупки во законот. Кристина Иван, локална инспекторка, рекла дека иако градинката немала дозвола, властите не можат да направат ништо. “Точно е дека градинката нема лиценца за работа, ниту е пријавена кај властите. Меѓутоа, не можеме да направиме ништо бидејќи немаме овластување се додека градинката не добие лиценца за работа”, вели Иван.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1