Хорор кај Велес: Маж прегазен пред бремената сопруга, возачот избегал


Возач на автомобил по кој трага полицијата тешко го повреди триесет и три годишниот И.Т од село Ваташа, вчера попладне околу 16 и 30 часот на локалниот пат Велес – Градско, кога го удри и избега од местото на несреќата, јавува локалниот портал Дума.мк.

И.Т го управувал неговиот автомобил, марка „Форд“ со прилепски регистерски таблички кога кај селото Виничани запрел и излегол на патот бидејќи се посомневал во работата на ауспухот. Потоа се се случило како на филм, во само неколку секунди. Друго возило поминало го удрило И.Т, не запрело туку побегнало од местото на несреќата.

magla

Очевидец на оваа несреќа е целото семејство на тешко повредениот кавадарчанец, неговата бремена сопруга , дете и родители кои биле во „фордот“ и патувале кон Ваташа. Сите биле шокирани од она што му се случило на нивниот сопруг, татко и син. Тие ја пријавиле несреќата. Од местото на сообраќајката со возило на Брза помош тешко повредениот Кавадарчанец бил пренесен на хирушкото одделение во Општата болница во Велес.  Лекарите го реанимирале и му биле направени комплетни прегледи.

Резултатите покажаа дека кавадарчанецот се здобил со сериска скршеница на ребра, на бутна коска на лева нога и нагмечување на граден кош.

„Бидејќи беше констатирана политраума, нагмечување на граден кош, како и поради сериозноста на повредите откако на пациентот му беше укажана неопходна лекарска помош околу 18.45 часот беше транспортиран во Ургентниот центар во Скопје. Пациентот е тешко повреден и е надвор од животна опасност“, вели за Дума портпаролката на болницата д-р Силвана Мишкова.

СВР Велес ја потврди информацијата и соопшти дека превзема мерки за откривање на возилото и возачот кој избега од местото на несреќата во која е тешко повреден Кавадарчанецот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1