Страшна трагедија го потресе Њујорк, откако пред неколку дена неидентификуван маж нападнал жена на улица, и ја отсекол главата, по што извршил самоубиство скокајќи под воз.
Повикувајќи се на анонимни извори тамошните медиуми пренесуваат дека злосторството се случило во непосредна близина на Лонг Ајланд, и дека постојат соменвања овој настан да е поврзан со тероризам.
Убиената жена била на возраст од околу 60 години, а од полицијата претпоставуваат и дека убиецот бил нејзин син.