– Помош! Помош! Пожар! – викал исплашениот Дарк Шуберт кога околу 10.30 часот вчера се вратил во својата куќа во Добровац кај Липик и видел дека му гори куќата во која била неговата сопруга со двете деца.
Од пламенот безпомошно се обидувал да ја извлече сопругата Ивана (26), синот Саша (5) и ќерката Емилија (3). За жал им немаше спас. Пожарот избил од засега неутрврдени причини, а до трагдијата дошло додека Дарио бил на четири километри од домот, односно во Липик.
Тој отишол таму да плати сметки. Кога се вратил забележал чад што доаѓал од куќата. Тргнал да го спасува семејството, а прв на помош му се приклучил соседот Анте.
-Дарио трчаше низ дворот целиот избезумен. Влета во куќата и виде оган во кујната. Штом ја отворив вратата, ме дочека густ чад и жестина, вели соседот. Кога ја отвори влезната врата на подот на најде Ивана. Рацете и беа црни од чадот и крвави. Не даваше знаци на живот, но ја извлече во дворот. Потоа се врати во куќата да ги пронајде децата. Одеше од просторија во просторија. Ги најде во првата соба како лежат на подот на метар оддалеченост. И двајцата беа прекриени со чад. Прво го зеде момчето и му го бараше пулсот па го изнесе од просторијата.
-Го покрив лицето со јакна зошто чадот беше премногу густ. Ги изнесов децата во дворот и повикав пожарна. Таткото беше во шок и лелекаше. Набрзо стигнаа и останатите соседи и почнавме да ги реанимираме, вели соседот.
Стигнаа и пожарникари, полиција и четири возила на брзата помиш. Мајката и децата ги оживуваа повеќе од половина час пред куќата. Цело село е во шок од оваа трагедија. По извлекувањето на настраданото семејство, седна на прагот и почна да повраќа, му се слоши, вели соседот Анте.
-Ивана не даваше знаци на живот. Рацете и беа изгорени до зглобовите. Имаше многу крв. Од чадот не можев да видам ништо пред себе. Децата случајно ги допрев во тој мрак, вели соседот.
Сопругот на Ивана и мајката од шокот завршија во болница. На себе не може да дојде ниту дедото на децата.
-Синот пола час пред тоа беше кај мене. Пиеше кафе и замина дома. Кога ми се јави не разбрав што ми кажува. Штом сфатив веднаш седнав во кола и дојдов, но беше предоцна, вели Иван Шубер свекор на покојната и дедо на двете загинати деца.
Со очите полни солзи, а во рацете три лампиони кои ги донел да ги запали пред куќата во која се случи трагедијата. И Господ плаче за нив, додава низ солзи, кога почна да паѓа дождот.
-Децата синоќа беа кај мене. Рекоа: Дедо не сакаме уште да си одиме дома, раскажвуа Иван.
Цел ден вчера стоеше покрај полициската лента и чекаше да заврши увидот, а околу 16 часот кога од куќата ги изнесуваа телата стоеше покрај патот и лелекаше.
-Кога пред 3 години се доселија им помогнав во ѕидањето на куќата. Децата многу ги сакав. Секој ден му доаѓаа и му велеа: Кај си Антиша, кај си? Не можам да верувам дека ги нема. Уште ми е мака. Војната не ме уби, но ова…вели Анте, кој го извлекувал семејството од куќата во пламен.
Додава дека Дарио кога ја отворил вратата го отфрлил пламен удар.