Во градот Kрасноармијск во источната украинска Донецка област, центар на бунтот на рускојазичното население, како исчезнати се водат речиси 400 жени на возраст меѓу 18 и 25 години, а последните денови биле откриени 286 женски тела, објави премиерот на самопрогласената Народна република Донецк, Александр Захарченко, за РИА Новости.
– Речиси 400 жени исчезнаа во Kрасноармијск каде што беше распореден баталјонот „Дњепар-1“. Во близината на Kрасноармијск се пронајдени 286 тела на силувани жени- изјавил Захарченко.