Хорор во Анкара: Над 30 загинати – бомбаш самоубиец среде мировен марш! (Видео)


Најмалку 30 луѓе загинале, а повеќе од 120 се повредени во експлозиите кои утринава се случиле на крстосница во центарот на Анкара, соопштила полицијата. Претставниците на турската влада оцениле дека се работи за терористички акт.

Експлозиите се случиле кај прометна сообраќајна крстосница, пренесува новинската агенција „Доган“.

An injured man hugs an injured woman after an explosion during a peace march in Ankara
Локалните медиуми пренесуваат дека експлозиите одекнале во близина на Централната железничка станица во Анкара, која на дневно ниво прима и до 180 возови.

Експолозијата која одекна утринава во 10 часот во центарот на Анкара ја подметнал бомбаш-самоубиец. Бомбата експлодирала под железничкиот мост, а екипите итната медицинска помош ги згрижуваат жртвите во градската болница во Анкара. eeksplozii

Турската Влада експлозијата ја оценува како терористички напад, а премиерот Ахмет Давитоглу веднаш закажа вонреден состанок.

Нападот е извршен за време на мирниот протест против конфликтот на турските власти со курдските милитанти на југоистокот на Турција.Експлозијата се случила во пресрет на планираниот марш за мир, во знак на протест против судирот на државата и курдските милитанти и југоисточна Турција.

Денеска на градскиот плоштад во Анкара било планирано одржување на протестен митинг под мотото„И покрај војната, веднаш сакаме мир. Мир, работа и демократија“
Собирното место било планирано точно на железничката станица, во близина каде што утринава дојде до експлозија.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1