Хорор во Австралија: Паднал дожд од илјадници мртви лилјаци (Видео)


Топлиот бран кој ја зафати Австралија, предизвика вистински „дожд“ од мртви лилјаци во неколку градови на североистокот на земјата

bat1-452705Според пишувањето на британски „Телеграф“, околу 100.000 лилјаци паднале и починале на дрвјата и на земјата, ширејќи неподнослива миризба.

-Штом живата на термометарот надмине 43 степени, лилјаците започнуваат да паѓаат од небото- изјави претставничката на локалната организација за заштита на диви животни.

Здравствените работници ги предупредуваат жителите да не го допираат лилјаците, поради опасност од зарази.

-Многу е важно да не се поминува и да не се допираат животните, поради опасност од беснило- наведе таа, додавајќи дека неколку лица здобиле гребаници и биле гризнати од лилјаците. Властите испратија специјални екипи за да ги соберат животните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1