Хорор во САД: Пронајдени седум мртви деца, се сомнева дека се отруени


Седум деца и едно возрасно лице се пронајдени мртви во една куќа во американската сојузна држава Мериленд, соопшти полицијата.

Полицајците од местотот Принсес Ен во Мериленд изјавија дека сите лица, кои се пронајдени мртви биле роднини, како и дека засега нема индиции дека станува збор за насилство.police

Локалните медиуми јавуваат дека станува збор за труење со јаглерод моноксид.

Полицијата пристигна во куќата во која се пронајдени телата, по дојавата на еден колега на возрасната личност, која е пронајдена мртва.

Полицијата соопшти дека пронајдените деца биле на возраст од шест до 16 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1