Казна 500 евра ако се шетате и паркирате крај вилата на Џорџ Клуни


Градоначалникот на малото италијанско место Лаглио, Роберто Поци соопшти дека секој што ќе се приближи до луксузната вила на холивудскиот актер Џорџ Клуни, сместена покрај езерото Комо, северна Италија, ќе биде казнет до 500 евра.

Градоначалникот Поци издаде и посебна наредба, со која треба да се обезбеди спокојството и приватноста на Клуни, неговата млада сопруга Амал и нивната придружба. Според одредбите на наредбата, никој не смее да го паркира автомобилот или да дојде со чамец или брод поблиску од 100 метри од вилата.kluni amal

– Оние што ќе ја прекршат наредбата ќе бидат казнети, порача Поци.

Вилата „Олеандра“ Клуни ја купи уште во 2002 година за 7,5 милиони евра. Станува збор за вила изградена во 18 век, која од едната страна излегува на самиот брег на езерото Комо, кое отсегаш било место за одмор и забава на европската аристократија. Подоцна американскиот актер ја купи и вилата „Маргерита“ па сега има создадено голем приватен имот во овој дел од Италија.

Неговата популарност предизвикува голем број туристи да доаѓаат во малото место за кое не знаат и многумина Италијанци во обид да се приближат до двете вили или евентуално да „налетаат“ на Клуни. Популарноста на местото и настојувањето да се дојде до домот на Клуни, значително се зголеми по неговата венчавка со британската адвокатка од либанско потекло Амал Аламудин.

Ваква заштита од локалните власти Клуни и неговите имаа и минатата година, кога беше создадена „зона за забранет пристап“ до имотот на актерот, но овој пат сега се објавени и казни.

Мерките се донесени за да се блокира пристапот на бројни папараци кои чекаат да го уловат Клуни сам или со сопругата, а инсистирањето на градоначалникот Поци да му се гарантира спокојство на актерот покажува дека тој е нивната најглема инвестиција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1