Лекарите и рекле да го исклучат од апарати – одбила а тој се разбудил


Дениел Џоузи Дејвис била во брак со Мет само седум месеци, кога нејзиниот сопруг по тешката сообраќајна несреќа завршил во кома и на апарати за одржување на животот.

Лекарите ја советувале да се согласи на исклучување на апартите и да го пушти да почине затоа што можноста дека никогаш нема да се разбуди била 90 отсто. Таа го одбила тоа и еден ден Мет се разбудил од кома.pacient bolnica

– Дефинитивно ми е мило што сум во брак со неа, изјави Мет за Еј-Би-Си, иако не се сеќава на неговата сопруга од пред несреќата што се случила во 2010 година.

Кога се случила несреѓата, Дениел имала 24 година, а Мет – 23.

– Неговиот татко почина пред несреќата, а мајка му беше премногу болна да се грижи за него, изјави Дениел.

Таа се изборила да го оддржи во живот, а потоа се грижела за негово заздравување и некое време се преселиле во куќата на нејзината мајка.

– Ако го донесеме дома, ќе се погрижиме да има најдобар поглед. Ако мора да лежи во кревет, барем нека има убав поглед, и рекла таа тогаш на нејзината мајка.

Наскоро Мет почнал да ги следи со очите, а потоа и да комуницира. Три месеци по будењето успеал во рацете да држи мал предмет, а моментот кога Дениел сфатила дека нејзинот сопруг се уште е човекот за која се омажила, се случи кога тој побарал да јаде тоа што најмногу го сакал пред несреќата. Тоа го кажал со шепотење, но таа знаела што сака.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1