ХОРОР: Живее со педофил – секоја вечер ги заклучува ќерките во соба за да не ги силува


Две сестри секоја вечер биле заклучувани во нивната спална соба од страна на мајка им која на тој начин ги заштитува од нејзиниот сопруг педофил.

Она што е навистина шокантно, социјалните служби велат дека тоа е во ред, пишува Мирор.

Педофилот, очув на двете девојчиња кои имаат под 13 години, добил дозвола да се всели во куќата на нивната мајка, иако бил осудуван на затвор за напад на 13 годишно девојче!pedofil_1

Меѓу шокантните аргументи за ваквата одлука на социјалните служби, наведено е дека – ако тој сака да се качи по скали до собата на децата, мора да помине преку мајката од својата страна на креветот, па така би ја разбудил и таа би дознала за неговата намера! Втор аргумент им бил следниот – заклучените деца имале бејби – монитор преку кој можеле да ја алармираат својата мајка за итна потреба од тоалет или нешто друго!

Деталите за опасноста во која се ставени девојчињата биле споделени со јавноста од страна на нивната загрижена баба која контактирала со новинарите на „Sunday Mirror“

-Се што е наведено како добри превентивни мерки кои ја намалуваат опасноста за моите внуки се глупости. Откако дознав дека сопругот на мојата ќерка е педофил алармирав во социјалните служби. Мислам дека моите внуки се изолирани и под голем ризик, но социјалните служби не сакаат да ме слушнат! – вели бабата.

Извор поврзан со случајот вели дека голема глупост е што му се дозволило на таков човек да живее со малолетни девојчиња.

– Како може таа мајка да е толку глупава и да живее со таков човек. И како може аларм да го спречи ако реши да ги нападне девојчињата! Сите што учествувале во овозможување на оваа ужасна ситуација треба да ги наведнат главите во срам! – вели изворот.

Идентитетот на педофилот и семејството со кое живее во Девон е познат за „Sunday Mirror“ но не може да биде објавен од легални причини.

Мајката била свесна дека тој е осуден за напад над малолетно девојче и запишан во регистарот на педофили. Таа била со него во врска 5 години и убедена е дека се променил. Сторила се да ги убеди социјалните служби дека разработила мерки за заштита на своите ќерки, да дозволат тој да живее со нив.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1