ХОРОСКОП: Дали ве иневерил/а и како?


Хороскопскиот знак ќе ви помогне да процените, колку и како изневерува личноста што ви се допаѓа. Еве како лесно да откриете дали само сака да фантазира за неверство или пак обожава кога стапува во акција.horoskop neverstvo

Изневерување со поглед
Погледите се често оружје на Јарците и Раковите. Не е важно дали е сам или со девојка, тој постојано има чувство дека некој друг го гледа и сака да шета со погледот за да открие некоја на која ќе „фрли око.“ Кога ќе ја лоцира, симпатично се насмевнува. Иако е зависник од флерт, можеби тоа му треба само за да му го подигне егото. Наместо да го критикувате и напаѓате, прокоментирајте „колку е згодна таа девојка.“ Тоа брзо ќе го врати во реалноста.

Изневерување во мислите
Секси фантазии најчесто имаат Биковите и Вагите. Тие штом видат згодна девојка, веднаш ја замислуваат во кревет. Заведувањето, страсните бакнежи и жешкиот секс се типични машки фантазии, па затоа не се мачете со прашања од типот „зарем не сум доволно добра?“ Фантазиите не се знак на физичко неверство. Тоа што понекогаш сака да ве замени со друга девојка во мислите, не значи дека ве изневерува, ниту дека планира

Изневерување во сон
Во сон најчесто изневеруваат Вагите и Скорпиите. Иако не сакаат да зборуваат за тоа, по извесно време ќе ја споделат информацијата со своите партнерки. Но, не грижете се, сите понекогаш имаме жешки сонови, без оглед на тоа дали сме сами или во врска. Сетете се колку пати и вие сте сонувале нешто слично, па не сте го реализирале. Имајте на ум дека она што го сонувате многу ретко се остварува.

Порнографско изневерување
Во порнографијата најмногу уживаат Биковите и Водолиите. И покрај тоа што можеби ве загрижува неговата опседнатост со совршените женски тела и страствени, еротски сцени, тоа не е знак на неверство. Напротив, размислувајте дека едноставно сака повеќе да ужива во сексуалниот живот кој го делите. Тоа може да биде одличен почеток на нови, незаборавни авантури.

Изневерување заради монотонија во врската
Кон вакво изневерување најсклони се Овните, Стрелците и Раковите. Ако вашиот однос се оладил, бакнежите станале рутина, а речиси не знаете што значи страст, не се чудете ако преземат ваков чекор. Далечината и емоционалната недостапност најмногу влијае на овие 3 знаци која нешто подоцна завршува со изневерување без срам и страв.

Изневерување со зборови
Најлесни на зборови се Лавовите и Рибите. Кога некој би ги слушнал од страна, ќе помисли дека се случува тајна авантура. Тие обожаваат да зборуваат како на мажите се им е дозволено, но ова е најчест пример за тоа дека кучето кое лае – не каса. Мажите Лавови и Риби обожаваат да се во центарот на вниманието, па често пати тоа ќе го постигне со вербално неверство. Сепак, имајте на ум дека со ваквиот тип на изневерување ви оддава големо непочитување.

Реално изневерување
Во реалноста, најчесто во акција стапуваат Девиците и Близнаците. Тие често пати од инат знаат да пронајдат несогласување и кавги. Веројатно, подоцна ќе се потпре на овие несогласувања како оправдување за неверството. Овие мажи се несигурни, па авантурите им служат за да го зајакнат сопственото его.

ZaSe.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1