iPhone 6 го сруши рекордот на нарачки – продадени 4 милиони телефони за еден ден


Компанијата „Apple“ пред неколку часа објави дека оствариле рекорден број на нарачки на iPhone 6 смартфонот во првиот ден. Според тврдењето на компанијата над 4 милиони луѓе онлајн ги нарачале iPhone 6 и 6 Plus телефоните, а поради огромната побарувачка голем број на купувачи ќе го чекаат телефонот неколку недели.

iphone6 4

Од компанијата додаваат дека веднаш штом станаа уредите достапни за нарачка, пристапот до веб страните за продажба биле буквално преотпроварни.

Оваа недела телефоните ќе станат достапни ширум продавниците во САД, Австралија, Канада, Франција, Германија, Хонг Конг, Јапонија, Порторико, Сингапур и Велика Британија.

Новата генерација на iPhone беше претставена минатиот вторник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1