Почетокот на учебната година да стартува на 15 септември со што ќе се продолжи и туристичката сезона, како што тоа го прават некои од соседните земји, каде учебната година почнува подоцна, бараат туристичките работници од Охрид и Струга.
Тие велат дека поради нестабилното време во јуни и случувањата во Куманово во мај и во јуни, посетеноста на туристичките места била многу слаба, а многу од аранжманите биле откажани.
– Би се продолжила и сезоната, а бенефит би имале и хотелите.Тогаш и хотелите би излегле со едни супер цени, септемвриски цени. Можеме да ја растеретиме сезоната со една убава класична сезона, а концертите да се одржуваат од 1-15 септември.Тогаш сезоната ќе биде прекрасн – објаснува туристичкиоте работни Љупчо Јузмески.