Хотелиерите ги тужат метеоролозите – лошите прогнози ни ја уништија сезоната


Италијанските хотелиери и туристички работници најавија тужби против метеоролозите во земјата бидејќи им ја упропастиле туристичката сезона.

cador plazaСпоред она што го пишуваат италијанските медиуми, хотелиерите пред Судот ќе бараат оштета за лошата временска прогноза. Тие се жалат дека со своите промашени прогнози, метеоролозите им ги намалиле приходите за дури 20%.

„Тие најавуваат лошо време и нам туристите ни ги откажуваат аранжманите. На крајот, времето е пркрасно, но ние имаме празни хотели“ – вели еден хотелиер за италијанските медиуми.

Тие се жалат на долгорочните прогнози на метеоролозите.

„Нема метеоролог кој со сигурност може да предвиди време за една недела однапред. Кога не се сиурни, нека молчат. Сега пред усот нека докажат дека не се виновни за лошата туристичка сезона“ – велат хотелиерите.

Ваквите метеоролози тие ги нарекуваат метеотерористи, а италијанската хотелиерска комора, веќе ангажирала свој адвокат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1