Храбриот татко кој на плажа се бореше со ајкула- отпуштен од работа (видео)


Храбриот татко кој се бореше со ајкула за да ги заштите децата кои се капеа на една австралиска плажа, доби отказ по враќањето во Велика Британија затоа што формално во тоа време бил на боледување и не смеел да престојува по плажите.

ajkula tatkoПол Маршалси стана херој кога скокна од плажата во водата за да ја зграби за опашка ајкулата која се движела кон децата во плиткото. Драмата се одиграла додека Маршалси подготвувал скара за сопругата, ќерката и група пријатели на плажата Булкок во Квинсленд.

Кога два месеци подоцна се вратиле од Австралија, Пол Маршалси и неговата сопруга Венди добиле отказ во хуманитарниот фонд каде што работеле, затоа што барале боледување „поради стрес на работа“.

Пол сега прима социјална помош во една од најсиромашните општини на јужниот дел на Велс.

– Што сега да правам? Нема баш голема побарувачка за луѓе кои се борат со ајкули во мојот град, се запрашал Маршалси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1