Храна богата со влакна за здраво срце


Исхраната со високо учество на влакна е поврзано со намалување на концентрацијата на ЛДЛ холестеролот во крвта и со подобрување на состојбата на кардиваскуларниот систем.

hrana ovosje zelencukАмерикански научници од Универзитетот Алабама тврдат дека секои 1.000 внесени калории треба да содржат 14 грама влакна.

Најмалку 10 грама би требало да се однесуваат на влакна што се топат кои брзо доведуваат до чувство на ситост и преку своето влијание на апсорпција на ЛДЛ холестеролот предизвикуваат намалување на концентрацијата на овој т.н. лош холестерол во крвта.

Добри извори на влакна се овошјето, производите од интегрално зрно и мешункаст зеленчук.

Бројни претходни истражувања веќе покажаа дека влакната од исхраната се важни за одржување на функциите на системот за варење на храната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1