Иако многумина не го препорачуваат тоа сепак постојат некои нешта што смееме да ги консумираме и по истекот на нивниот рок.Но и покрај тоа, доколку храната има чуден вкус или мирис подобро не ја јадете.
Кечап
Може да стои и до 6 месеци во фрижидер. Потоа обично е сигурен за користење ако нема чуден вкус или мирис.
Јајца
Доколку ѓи чувате во фрижидер и по 5 недели сеуште ќе бидат исправни.
Млеко
Може да остане питко недела по истекот на неговиот рок.Доколку се расипало и самите тоа ќе го приметите.
Јогурт
Во фрижидер може да стои 10 дена по истекот на рокот. Доколку не фатило мувла или нема чуден вкус, слободно пијте го
Мед
Медот е единственото нешто што го имате во вашата кујна и што никогаш нема да се расипе.
Кисели краставички
Отворена тегла може да стои и година дена. Тоа важи и за маслинките.
Кафе
Отворено пакување на кафе може да се користи 5 месеци по истекот на рокот
Тестенини
Исушените тестенини по истекот на рокот можат да се користат и после една година. Неколку месеци е најсигурно.
Зачини
Скоро сите зачини можат да траат и до 2 години по истекот на рокот.
Чај
Употребливо е 6 месеци по истекот на неговиот рок.
извор – think.mk