Храна за џабе !!!


Во природата можат да се пронајдат голем број на здрави плодови и билки, а во јавноста досега се појавиле голем број на експерти и студии чии совети можете да ги искористите како да ја конзумирате храната од природата која се наоѓа насекаде околу нас, а притоа да се осигурате дека е безбедна и хранлива.

Копривите можат да се искористат на различни начини, при различни готвења, во чорби, а исто така ниту коренот не е за фрлање. Чајот од коренот на копривата е извонреден лек за лечење на анемија, жолтица, маларија и сит други видови на грозници, ја чисти крвта, ја намалува вознемиреноста и несоницата.

Почетокот на декември е идеален за раст и развој на билки. Можете да ги искористите корењата на глуварчињата кои се идеални за чаеви. Докажано е дека истиот е корисен за видот. Зајачкиот трн пак е здрав за ревматски заболувања и крварења.

Имелата исто така е билка која што делува корисно на високиот крвен притисок и артериосклерозата.

Во есен во природата можат да се најдат голем број на разновидни печурки. Содржат протеини, и вода, немаат лоши маснотии, а имаат лековиот дејство. Протеините кај печурките имаат состав сличен кај оние од животинско потекло, а ги има и во пијалоците, што значи дека ова е добар знак за луѓето да се свртат кон природата. Истите претставуваат храна за мозокот, а меѓу најкапоцените се сметаат тартуфите. Освен што се здрави и вкусни, тие претставуваат вистински рудник на пари за вредните собирачи на истите.

Сепак се препорачува голема внимателност при собирањето на истите и доколку не ги познавате, во никој случај не се обидувајте да ги пробате. Симптомите на труење од печурки можат да бидат прилично драматични од мачини и вртоглавици, па се до престанок на дишењето, или срцето.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1