22 години заедно со жената и кучето живее во канализација


Мигел Рестрепо веќе 22 години живее во канализација во Меделин во Колумбија, заедно со сопругата Марија Гарсија и нивното куче Блеки.

За време на долгогодишното престојување на ова необично место, поранешниот наркоман се потрудил истото да го претвори во нешто што личи на дом.

Иако просторот во кој живее се на се има едвај два метри, и 1,4 метри висина, таму има доволно место за шпорет, вентилатор, кревет и телевизор.

Официјално, Мигел и Марија се бездомници, а локалната власт би можела во секој момент да ги избрка од сегашното живеалиште, бидејќи тоа се наоѓа на територија која е во сопственост на градот.

Меделин е втор град по големина во Колумбија и има 2,7 милиони жители.

По него е наречен и најголемио нарко картел кој во 1993 година успешно е „растурен“ во соработка со американската и колумбиската влада, како и со помош на припадниците на паравоените трупи.

 

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1