Искасапени белите дробови на земјата – исечена шума колку Англија


Во една студија објавена во Боливија, се покажало дека во периодот од 2000 до 2010 година, биле исечени 240,000 квадратни километри амазонска џунгла речиси колку површината на англискиот остров.

Дефорестацијата, обесшумувањето, воглавно е последица на илегално сечење на шумата, градење автопатишта, рударството, земјоделството и сточарството, како и изградба на електрани, пронаоѓање на нафта и гас.

63% од Амазонската џунгла од 6,1 милион квадратен метар, се наоѓа во Бразил, кој е одговорен за 80% од уништувањето на џунглата. Останатите проценти се заслуга на Перу и Колумбија. Екологистите посочуваат дека има забавување на темпото на уништувањето на шумите во Амазон во Бразил, за разлика од Колумбија и Француската Гвајана.

Бразилските власти соопштија дека расчистувањето на џунгата е на најниско ниво од 1988 година, кога почнал да се мери степенот на уништување на дождовната шума. Досега се уништени 20% од бразилскиот дел од џунглата на Амазон.

Од 2008 година бразилските власти преземале мерки за спречување на илегалното уништување на шумите, користејќи сателитски снимки. Шумата на Амазон се смета за една од најпознатите природни одбрани на планетата земја, од глобалното затоплување, поради способноста да апсорбираат големи количини на јаглерод диоксид.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1