Храната ќе добие подолг рок – 300 производи добија нов рок на траење – еве кои


Францускиот ланец на супермаркети „Карфур“ (присутен и на нашиот пазар) се придружува во борбата против фрлањето на големи количи на храна во светот со продолжување на рокот на траење на повеќе од 300 производи.eko-rok-trajanja

Поранешниот министер за земјоделство Гијом Гаро и предложи на француската влада 36 мерки во борбата против фрлање на храната, меѓу кои и оваа за продолжување на рокот на траење на одредени прехранбени производи, пренесе францускиот весник Фигаро.

Рокот на траење по деталните анализи за целосна безбедност на храната, е продолжен на производи како што се шеќер, оцет, сол, алкохол, чипс и останати грицкалки, но и на јогуртот од 8 на 10 дена и слатките павлаки од два на 8 дена.

Оваа како и останатите мерки се воведени со цел да се намали фрлањето на храна, со оглед на тоа што во Франција годишно по жител се фрла 20 до 30 килограми храна.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1