Ќе има внатрешна истрага во Т-мобиле за прислушувањето


Одборите на директори на Македонски Телеком и на Т-Мобиле Македонија на вонреден состанок денеска одлучија да се спроведе, како што велат оттаму, најавената интерна истрага, информираа телеком-операторите преку заедничко соопштение.telefon prisluskuvanje

Маѓар Телеком, мајката компанија на Македонски Телеком и на Т-Мобиле Македонија, минатиот месец најави истрага со надворешни консултанти во својата фирма-ќерка во Македонија. Повод за истрагата се сомнежите за улогата на македонскиот Телеком во аферата со прислушкувањето која во Македонија ја отвори лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.tmobile

Во денешното соопштението на Телеком не се прецизира за каква истрага станува збор.

На вонредниот состанок, Одборот на Директори на Македонски Телеком го избра Панче Кралев, којшто е неизвршен член, за Претседател на Одборот на директори, со мандат од 21 Април 2015 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1