Поклоници од целиот свет во Витлеем, библиски град на Западниот брег. Тие во градот, во кој според христијанското верување се родил Исус, присуствуваат на годинешните Божиќни свечености, и тоа во најголем број по повеќе години.
Стотици локални жители и странски посетители синоќа се собраа на Плоштадот Јасли, пред Црквата на раѓањето, каде палестински извидници минуваа покрај огромната божиќна елка, свирејќи на гајди.