Христос се роди! Денеска е Божиќ


Христос се роди- навистина се роди! Ова е поздравот за сите верници кои го слават Божиќ , раѓањето на Исус Христос.

Рожденството Христово на 7 јануари според Јулијанскиот календар, го слават верниците во дел од православниот свет, Македонците, Србите, Црногорците, Русите и Украинците.bozikj

Божиќ е ден на семејството, посветен на блиските  и претставува најрадосен христијански празник.

На Божиќ се оди и во црква, христијаните да запалат свеќа и да оддадат почит на Христос и неговото дело. Рано изутрина во храмовите се одржува свечена литургија по повод Христовото раѓање.

Како што Христос бил роден во пештера близу Витлеем, затоплена и осветлена од неговите родители, се претпочита таква атмосфера да се создаде и во домот на секој верник. Со полна трпеза вкусна храна и задолжително присуство на јагне и црвено вино, роднините ја покажуваат меѓусебната љубов и верба, а со тоа и љубовта и вербата кон божјиот син Исус Христос.

Денеска завршуваат четириесетдневните пости.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1