Голем број жители на Загреб уште рано наутро се собираа во паркот „Максимир“ каде традиционално се прославува Денот на трудот со порција грав, забавна програма, синдикални пораки и политичка кампања. Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ во паркот делел црвени каранфили, а обезбедил и 55.000 порции грав.