Хрватска ги отвори сите гранични премини кон Србија


Хрватска денеска во 17 часот ги отвори сите гранични премини со Србија за возила со српски регистарски ознаки, пишува МИА.

Граничните премини Бајаково и Товарник се отворени за целосен сообраќај без никакви ограничувања, соопшти Министерството за внатрешни работи на Хрватска.migranti-hrvatska

Екипа на новинската агенција Танјуг помина прва по деблокадата, преку граничниот премин Товарник.

– Во 17 часот е извршена деблокада на границата. Сите автомобили без оглед на регистрациите, можат да влезат во Хрватска, појасни министерот за полиција Ранко Остојиќ.

Тој наведе дека е намален протокот на бегалци кои доаѓаат од правец на Србија, и оти досега во Хрватска влегле 60.000 луѓе, а утрово таа бројка била 58.000.

Претходно, еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан во Белград апелираше на хрватските власти да ја отворат границата.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ рече дека со соработниците интензивно разговара за тоа денеска или утре да се укинат мерките на границата со Србија, а српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека „оној момент кога Хрватска ќе се откаже од противзаконските мерки, сите работи ќе се вратат во претходната состојба“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1