Велосипедист тешко повреден на Рузвелтова, Аудито удрило и во автобус


Велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил „Ауди“ со скопски регистерки таблички на улицата „Рузвелтова“ во близина на раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“.policija svetla mk

Несреќата се случила околу 14 часот, а според првичните информации од полицијата, Аудито по ударот во велосипедистот, направил уште една сообраќајна несреќа удрирајќи во автобус.

Велосипедистот со тешки повреди е пренесен во Ургентниот центар, а полицијата на местото на несреќата извршува увид.

Засега нема информации за евентуално други повредени лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1