Редок феномен викендов над македонското небо


Викендот на 27 и на 28 септември ќе биде посебен за нашата месечина. Таа ќе биде во положбата Перихел, најблиската до нашата планета, ќе биде целосно осветлена (полна месечина), но она што ќе биде уште поинтересно е тоа што токму во оваа фаза ќе имаме и целосно затемнување на месечината, пишува „Метеопро“.mesecina5

Полна месечина во Перихел се нарекува супермесечина. Супермесечината е 30 проценти посветла од обичната полна месечина и имаме привид дека месечината е 14 пати поголема отколку кога таа е во положбата Апхел (најоддалечената во однос на Земјата). Инаку разликата во растојанието помеѓу Земјата и Месечината меѓу Апхел и Перихел е 49,800 километри. Средната дистанца меѓу овие две небесни тела е 384.000 километри.

Оваа ретка појава што ќе се случи овој викенд е целосното затемнување на супермесечината. Според НАСА, во минатиот век само петпати бил набљудуван овој феномен, во 1910, 1928, 1946,1964,1982 година. Следната појава по годинашнава ќе биде на 8 октомври во 2033 година.

Повеќе за крвавата месечина прочитајте на „Метеопро“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1