Хрватска со тајниот воен проект на Тито – „Нептун“ ќе има подобар интернет


Заборавениот супертаен воен проект „Нептун“ од времето на Јосип Броз Тито, кој бил направен за управување на ракетниот систем на поранешна ЈНА и чија мрежа се протега од Бриони се до Бока Которска, хрватската Влада ќе го искористи за поврзување на комуникациската мрежа во јавните претпријатија, пишува загребскиот весник „Јутарњи лист“

tito neptunПроектот, како што се наведува, ќе овозможи широка примена на интернет и инфраструктура на оптичка мрежа, која нема да биде само во сопственост на телекомуникациските компании, туку и на државата.

Мрежата ќе биде изградена врз основа на постоечките околу 3.000 километри, кои се во сопственост на ЈАНАФ (Јадранскиот нафтовод), ХАЦ (Хрватски патишта), Хрватските железници и Плинакроа, а се наоѓа низ трасите на автопатишта, нафтоводи, гасоводи, железнички пруги… Со тоа целосно ќе биде покриен копнениот дел на Хрватска.

За поврзување на брегот и островскиот дел на Хрватска би се искористиле цевките кои биле поставени под нивото на морето и на копно од 1974 до 1990 година а ги постави поранешната ЈНА, во нив ќе се спроведе кабел кои сеега би било невозможно да се гради, а со користење на веќе поставените цевки од Нептун тоа е лесно изводливо.

Titov-bunker1Станува збор за супертајниот проект „Нептун“, кој е изграден за управување со ракетните системи и централизирање на комуникацијата. За проектот се знае многу малку, бидејќи голем дел од документацијата е уништен. Меѓутоа, се смета дека инсталациите се во многу добра состојба.

Со “Нептун” поврзани се војни објекти од Бриони до Превлака, а од Задар до Шибеник цевките минуваат на копно. Од Сплит цевките повторно влегуваат во море, минуваат низ Брачки канал и одат преку Хвар, Корчула, Вис, Ластово, Пељешца до Цавтат и Превлака.

“Подморската инфраструктура е идеална за поврзување на јадранските острви и доведување на широкопојасен интернет на тие подрачја”, тврди Дарко Париќ , помошник министер и шеф на управата за е-Хрватска.

Според неговите зборови од цевките треба да се извлечат бакарните жици и да се стави оптички кабел.

За таа инфраструктура се дознало пред месец дена, кога министерот за одбрана Анте Котромановиќ со оваа информација дошол во владата и рекаол дека Министерството за одбрана на Република Хрватска го отстапува на државата за користење. Министерот пак за тоа дознал од група инжинери, наведува “Јутарњи лист”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1