Хрватската влада ги замрзна цените на млекото, месото, солта, шеќерот, лековите


Владата на Хрватска денес одржа телефонска седница на која донесе Одлука за вонредни мерки за контрола на цените на одредени производи.

Како што велат од хрватската влада, „оваа одлука се донесува за пречување на негативните влијанија на промени на одредени цени на производи и за спречување на монополистичко одредување на цените на производите, а во врска со настаната епидемија коронавирусот“.

Со одлуката се одредуваат производи на кои се применуваат мерки за конрола на цените на: брашно, млеко и млеко во прав, јајца, шеќер, сол, ориз, тестенини, свежо месо, риба, овошје и зеленчук, месни конзерви, рибни конзерви, масло за јадење, детска храна, детски пелени, вода за пиење, детергент за алишта, детергент за садови, сапун, средства за дезинфекција на вода, простории и раце, заштитни комбинизони и друга заштитна и медицинска облека, заштитни очила и визири, заштитни ракавици, заштитни навлаки за чевли, маски, респиратори/транспортни вентилатори, лекови и медицински производи.

Одлуката се однесува на субјекти кои вршат регистрирана дејност за производство и трговија на подрачјето на Хрватска, а во согласност со Законот за вонредни мерки за контрола на цените, како највисока цена ќе се смета цената на производот на 30 јануари оваа година, кога СЗО го прогласи коронавирусот како закана од меѓународно значение.

Владата на Хрватска го назначи Државниот инспекторат за проверка и надзор на оваа мерка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1