Хрвоје Мазија – научникот кој го откри вирусот што убива рак


Хрватски тим научници успеа да изолира вирус што кај живината предизвикува смрт, а на луѓето би можел да им помогне затоа што ги уништува канцерогените клетки.

senzacija-iz-hrvatske-virus-iz-pileta-moze-lijeciti-karcinome-504x335-20130312-20130329134111-aa2ee8a80dc5171056875510e816fc8e

Откритието пристигна од Ветеринарниот факултет во Загреб што веројатно внесува дополнителна забуна во тоа како би требало да започне потребната процедура, вакцините или лековите кои го содржат спасоносниот вирус да почнат низ клинички испитувања да се применуваат и на луѓе.

Професорот Хрвоје Мазија и неговите колеги, прим. др. Динко Човиќ и др.Синиша Иванковиќ го заштитиле и патентирале вирусот ЗГ1999ХДС кој ги уништува сите канцерогени клетки и од кој би можело да се направи револуционерна терапија за лекување рак.

Имено, хрватскиот научен тим кој ги вршел испитувањата врз експериментални глувци користејќи го вирусот може за само две недели да произведе вакцина која би требало да се применува и на луѓе.

senzacija-iz-hrvatske-virus-iz-pileta-moze-lijeciti-karcinome-504x335-20130312-20130329134131-f3bc929293ebe5b4e3a684f5f080c28cОва револуционерно откритие може да го смени пристапот во лекувањето на човечките тумори и да спаси голем број животи. Научниците овој вирус им го вбризгале на глувци кои имале тумори на дебелото црево и на дојките и тој за само 72 часа ги уништил сите канцерогени клетки. Сега научниците се залагаат за основање Центар за клинички испитувања во кој би се применувале и развивале експериментални терапии. Засега во Министерството за здравство на Хрватска се подготвени да ја поттуркаат оваа иницијатива и да им помогнат.

На прашањата поврзани со оваа тема за МИА одговараше професор Хрвоје Мазија.

Целото интервју со него на следниот – ЛИНК 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1