Хуманитарна помош за настраданите во невремето- ДОНИРАЈТЕ!


На отворениот телефонски број 143400 сите хумани граѓани со едно јавување преку сите мобилни оператори, можат да донираат по 100 денари за помош за жителите во подрачјата погодени од невремето.

Средства може да се донираат и на жиро сметката на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, додека во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8:00 до 18:00 часот може да се предава помош во храна, вода, пелени, средства за хигиена и дезинфекција,…13879241_10153768269897304_7665627433310733559_n

Вчера и Сојузот на стопански комори ги повика компаниите да се вклучат во обезбедувањето помош за настраданите.

Поддршка пристигнува и од повеќето општини, како и од државите од соседството.

На социјалните мрежи од синоќа ресторани од Скопје нудат топли оброци за жителите од погодените подрачја, а приватни хотели сместување.

Во завчерашното невреме најпогодени беа Сингелиќ, Стајковци, Црешово и Арачиново. Животот го загубија 21 лице, голем број се повредени, а неколку се водат за исчезнати.

Причинета е и огромна материјална штета, дворовите и домовите на семејствата во најкритичните подрачја се полни со вода, немаат струја, храна и вода, поради што надлежните институции во соработка со војската и полицијата се постајано на терен за санирање на состојбата.

Од поројните дождови, прекинат е и делот на скопската обиколница пред клучката Стајковци – Црешово наместо по асфалт, на дел од патот се вози по наноси земја. Прекинот ќе трае до целосно расчистување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1