Хуманите се на потег – Голема хуманитарна акција: Сите за Ацо Конга


Викендот што следува „Горила продукција“ и „Backstage“ заедно со сите нејзини артисти и соработници поддржано и од  НУ „Театар Комедија“  ќе го посветуваат на нивниот голем пријател, соработник и колега – Ацо Конга.

Site za Aco KongaВо негова чест и се со цел да му се помогне, „Горила продукција“ , „Backstage“  и НУ „Театар Комедија“ во соработка со уште многу локали, клубови и кафулиња низ земјата организира голема акција за собирање на дел од средствата потребни за скапата терапија. Собраните средства од влезниците и кутиите за донации ќе одат на на жиро сметката за помош на Ацо Конга.

Ова е и вашата можност да помогнете. Влезницата која и онака би ја платиле, сега ќе биде искористена да му се помогне на човекот кој направил многу ваши вечери поубави.

За оние кои сакаат да помогнат повеќе и се во можност да го направат тоа, жиро сметката за помош на ацо конга е отворена во „Шпаркасе банка“ на име:

Ацо Богдановски

број на сметка: 250-0010009953-94

број на лична карта : А0087494

улица „Вера Јоциќ“ бр.25 општина Кисела Вода – Скопје,

или можноста да донирате на телефонскиот број +389 75 143 777, само за корисниците на ОНЕ.

Викенд агендата започнува

четврток:

Нокаут – Расчекор, Битола;

Панки – ресторан Дион, Скопје;

петок:

Дарко Илиевски & 3G бенд – клуб Вип,  Прилеп;
Димитар Андоновски (live) –  ГТ , Битола;
Тамара Тодевска (live) – Маркафе, Скопје заедно со другарите на Ацо Конга;
Saxation – клуб Привилејџ, Скопје;
Диџеј  Гоце Саф – Маф Маф, Струмица;

Диџеј Илич – Амнезија клуб, Тетово;

Диџеј Чваре – клуб Pulse, Неготино;

Диџеј Оки Доки – Ескеип, Радовиш;

The Sound Messengers, Ноктурно, Велес;

Диџеj Facky Farris – Kруна, Kавадарци;

Aлександар Tарабунов – Aкрополис, Неготино:

Вера Јанковиќ – кафе бар Москва, Куманово.

сабота:

Димитар Андоновски (live) – клуб Оаза, Струга;

Диџеј Оки Доки – Републик, Тетово;

Диџеј Мац – Ноктурно, Велес; Битола;

Диџеј Ицко – Ескеип, Радовиш;

The Sound Messengers – клуб Шкорпион, Тетово;
Влатко Илиевски – Frame, Ресен;

Младен Томич, Ненад Омен, К. Петровски Green Fest – Дом на млади, Штип;
Роберт Билбилов – ГТ, Битола;

Вера Јанковиќ – ВИП, Виница;

недела:

Претстава „Хамлет во пикантен сос“ – Театар Комедија, Скопје…влез: 140 денари.  Средствата ќе бидат донирани за Ацо Богдановски – Конга…

Сите заедно за нашиот  и ваш Ацо Конга…

Ви благодариме за вашата поддршка

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1