На работ на смртта: Најопасниот пат на светот


На пат важи правилото снајди се, а да не паднеш во провалија. Во потрага по адреналин, годишно на овој пат има околу 300 настрадани.

Патот Јунгас се наоѓа на листата на најопасните во светот и познат е како „Патот на смртта“, бидејќи на него годишно загинуваат дури 300 возачи или велосипедисти, кои се осмелиле да го поминат овој опасен пат.

bolivija-dzungla-put-630x420

„Патот на смртта“ започнува во највисокиот град во светот – Ла Паз, Боливија, кој се наоѓа на 3.660 надморска височина.

Главниот пат прво се искачува на 4.650 метри, а потоа по стрмните карпи на височина од 1.200 метри. Спуштањето од над 3.650 метри е едно од најдолгите во светот, по кој се стигнува во областа Јунгас во амазонската прашума.

dzngla1-630x411

Помеѓу Ла Паз и Јунгас патот поминува преку планинскиот венец Кордиљера во колумбискиот дел на Андите.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1