УЈП затвори познат хотел во центарот на Скопје


Во вчерашните активности на даночните служби во Скопје, регистриран е еден случај на обид за спречување на контрола на фискализација во познат маркет, на патот Сингелик-Арачиново.

ujp1 При контролата, даночниот обврзник се обидел да ја уништи сопствената финансиска документација која била предмет на проверка, а во која даночниците утврдиле прикривање на готовинскиот промет. И покрај ваквата “снаодливост“ на обврзникот, контролата е успешна завршена.

Од вкупно 11 деловни објекти во населбите Автокоманда, Сингелик и Маџари, затворен е и познат хотел во центарот на Скопје. Но не може да го затвори веднаш хотелот во центарот на Скопје бидејќи во него се уште има гости. Согласно законот, на хотелот му е даден рок од три дена за да ги испразни собите па потоа ќе доби клуч на врата.

Финансиските контроли во Охрид потврдија дека стоматолошката дејноста е сеуште ризична од даночен аспект. Со неправилно финансико работење, буџетот го оштетиле 8 субјекти на кои им е изречена глоба и времена мерка забрана за вршење на дејност.

Според податоците и она што е утврдено на терен од почетокот на годината, најголем даночен ризик од 27,16% е забележан кај субјекти кои вршат спортски и забавни дејности (фитнес, аеробик и сл. клубови), 13.95% кај козметички и фризерки студија, 11.54% кај фото студија, 9.59% спортски обложувалници и како помалку ризично (под 7 проценти) вршењето на стоматолошка и офтамолошка дејност.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1