Анка Николова 32 годишна радовишанка пред 2 години изгуби надеж дека повторно ќе може да се движи. Кога сите и кажале дека не може да се спаси десната нога Анка му напиша писмо на д-р Жан Митрев, во кое раскажа дека сака да биде корисна за своето семејство и дали може во „Филип Втори“ да и помогнат, нагласувајќи дека финансиски е немоќна.
Операцијата ја направи тимот на ортопеди од нашата болница предводени од д-р Сашо Младеновски, а Анка беше ослободена од плаќање на сите трошоци околу прегледите, дијагностицирањето, операцијата, постоперативното лекување.
До скоро неподвижната мајка на 2 малолетни деца денеска повторно му се радува на животот, одејќи без никакви помагала. Видете ја нејзината приказна во видеото под текстот.