Хурем ги расплака нејзините фанови на Фејбук


Турската актерка Меријем Узерли позната по улогата на Хурем од серијата „Величенствениот“  успеа да ги расплаче нејзините фанови на Фејсбук. Пред неколку дена објави тажна вест за нејзината баба.

Имено, Меријем допатувала од Берлин во Истанбул за да биде со нејзината баба во последните денови од нејзиниот живот.

hurem baba

Бабата на актерката починала, а таа имала потреба со сите пријатели на Фејсбук да сподели едена емотивна објава. Па заедно со актерката тагуваа и нејзините фанови на социјалната мрежа, изразувајќи и сочуство преку пораки.

– Драга моја бабо, мајко на четири деца, жено со исклучителна енергија и храброст… Жена со силна волја и топли разбирања, со големо достоинство и голема способност за борба со тешкотиите. Ти си беше жена од која можевме многу да научиме, жена која поседуваше убавина и гордос, жена која е скромна и предана на љубовта и посветена на верата и довербата… Ти си жена која го заслужува нашето восхитување, жена која се молеше за нас. Жена која засекогаш ќе биде во моето срце! Моја драга бабо, почивај во мир. Со љубов Меријем, напишала актерката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1