Одговорноста на КФОР исчезна од извештајот – сите детали за падот на авионот на Трајковски


Серија критични пропусти случувања и услови биле клучни за падот на авионот во кој загина македонскиот претседател Борис Трајковски и целиот екипаж.

Босанските медиуми го објавуваат извештајот на истражителот Омер Кулиќ и во него стои дека во авионот немало ниту пожар ниту експлозија. Отфрлена е и верзијата за диверзија илил терористички акт, јавува босанската Федерална телевизија.trajkovski kinger

Фактори кои довеле до пад на авионот

Недоволна, неквалитетна и непотполна припрема на екипажот за приоѓање и слетување

– игнорирање на информациите од контролата на летање за моменталната метеоролошка ситуација

– погрешно одредување на финалната точка за приоѓање, што довело до предвремен почеток на спуштање

– исклучување на автопуилотот во фазата на рпиоѓање

– недоволна тимска работа меѓу членовите на екипажот

-неодржување на хоризонталниот лет од пилотот и реакција од копилотот која била несоодветна

Екипажот променет непосредно пред летот

Екипажот во авионот бил променет 15 дена пред летот и немал доволно подготовки. Пилотот и копилотот само делумно биле запознаени со временската состојба, а авионот иако имал потврда дека е во состојба за воздушна пловидба, сепак не бил функционален.

Во извештајот се наведува дека т.н. црна кутија која ги бележи клучните параметри за летот, не била исправна, а екипажот не ја направил стандардната процедура за подготовка за приоѓање кон пистата

Доколку автопилотот не бил исклучен авионот наместо да се сруши кај Ротмиље би прелетал на висина од 68,72 метри.

trajkovski kinger

За разлика од првата истрага во која како причина за падот на авионот беше наведена пилотска грешка, новата комисија по две години работа утврди и системски пропусти кои индиректно довеле до несреќата.

Наведено е дека Управата за цивилно воздухополовство на Македонија не била стручна кадрпвски иорганизиационо оспособена, баш како и Секторот за авионски превоз и одржување на авионот во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија.

Во извештајот стои дека воздухопловните власти доеле до тоа да падне нивото на сигурност на целиот систем за воздухопловство во Македонија. Кај летачкиот персонал регистрирани се пропусти во системот на обука за посебни овластувања кои се впишуваат во летачката дозвола.

Персоналот не одел на редовните годишни проверки во симулатор, а откриени се и чести прекини во континуитетот на летање. Тоа се одразило на сигурноста и непосредно допринело за несреќата.

Како индиректни причини за несреќата, комисијата ја навела и сложената морфолошка ситуација и лошиот навигациски систем во Мостар, кој на одредени места губел сигнал поради конфигурацијата на тлото.

trajkovski zaginati

Обвинувања на сметка на КФОР

Во минатото но и денеска се уште се актуелни обвинувањата кон КФОР, според кои војниците пет часа ја криеле локацијата на паднатиот авион. Меѓутоа, во новиот извештај, никаде не се спомнува одговорност за КФОР.

КФОР бил надлежен за целосното функционирање на Аеродромот во Мостар. Во тој контекст бил одговорен и за контролата на летањето, воспоставување и изработка на процедурата и точноста на податоците во процедурата на приоѓање кон пистата. Исто така, систенмот за комуникации бил под надзот на КФОР. Услуги на контролата на летање и давале воени контролори на летање од Француската воздухопловна единица, кои не поседуваат цивилна дозвола за летање.

Ова беше втора истрага за авионската несреќа во која освен претседателот Трајковски загинаа уште 8 лица.

Трајковски патуваше со авион на конференција во Мостар на 26 февруари 2004 година. Авионот се сруши на само неколку километри пред аеродромот.

Пресс24.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1