Меријем Узерил, Германката со турско потекло која стекна светска слава по улогата Хурем, повторно нема мир. Се соочува со нови проблеми
Откако остана бремена, нејзиниот вереник побара да абортира, бидејќи веќе се остварил како татко, скршена од болка таа самата одлучи да го роди детето и да го напушти. Пред крај на бременоста тој се обидуваше да ги среди работите и одеднаш посака да присуствува на пораѓањето и изрази желба да биде дел од животот на бебето, но Хурем не му одговори. На породувањето не присуствуваше тој туку нејзина пријателка.
Иако таа сама ја роди ќерката Лара, изгледа нема крај на нејзината драма. Таткото најавил дека ќе бара старателство над детето.
Турскиот плејбој Кан Атеш Кан сака да биде дел од животот на своето дете, сака и на финансиски и секаков план да помогне, но не сака да има ништо со славната актерка.