До пред неколку години се мислеше дека затворениците на Голи Оток само кршеле камења, но не било така. Тие имале вистински погон за производство на мебел, табакери, муштикли и сл. Готовите производи преку Јадранско Море се носеле на продажба во Италија
Озлогласениот затвор во поранешна Југославија, Голи Оток, освен за превоспитување на политички неподобните затвореници, се користел и за заработка. Историчари од Хрватска тврдат дека само од производство на дрво Тито и СФРЈ за неколку месеци заработиле 700.000 долари.
Комунистичкиот режим во периодот на Студената војна го претворил логорот во економски исплатлив проект кој на Југославија ѝ носел значајни девизи.
До пред неколку години се мислеше дека затворениците на Голи Оток само кршеле камења, но не било така. Тие имале вистински погон за производство на мебел, табакери, муштикли и сл. Готовите производи преку Јадранско Море се носеле на продажба во Италија.
Затворениците имале тешки услови за живот, во една барака биле сместени и по 250 луѓе. Најголем број затвореници на островот имало во 1951 година, дури 4.300.