И да не ви работела фирмата ќе мора годишно до УЈП да доставите состојба


Од трговскиот регистар ќе се бришат не само фирмите кои нередовно доставуваат годишни сметки и финансиски извештаи, туку и тие кои не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче.

UJPСо овие измени се воведува обврска годишни сметки и финансиски извештаи да поднесуваат и трговци-поединци и трговски друштва кои не вршеле никаква трговска дејност, односно немале активност во текот на годината. Доколку не го сторат тоа, во соодветна процедура ќе бидат избришани од регистарот. Конкретно, се предвидува трговските друштва и трговците-поединци писмено да го известат Централниот регистар дека немале активност и годишната сметка да ја достават најдоцна до последниот ден од годината. Потоа Централниот регистар поведува постапка за нивно бришење, но ако Управата за јавни приходи констатира дека не се исполнети условите за неактивност постапката на нејзино барање ќе се повтори и фирмата ќе мора во рок од 30 дена повторно да достави годишна сметка и финансиски извештаи, но овој пат ревидирани. Ако не ја испочитува оваа процедура, фирмата ќе се избрише од Регистарот.

Централниот регистар во рок од 30 дена од настанување на условите, го објавува бришењето на својата веб страница и ги повикува законските застапници, содружниците и доверителите да поднесат предлог за стечај или за ликвидација. Ако нема такви предлози, во рок од една година фирмата се брише. Кај трговските друштва се повикуваат акционерите да си го поделат имотот. Предвидено е движниот имот да се распредели во рок од една година по бришењето, а недвижниот имот и паричните средства во рок од 10 години. Ако во овие рокови не се распредели имотот, тој станува сопственост на државата, која добива обврска движниот имот да го чува една година, а недвижниот и парите да не ги отуѓува 10 години. За тоа време основачите на избришаната фирма овој имот можат да си го побараат преку суд.

По стапувањето во сила на изменетиот закон, што се очекува наскоро, регистрацијата на фирми ќе се врши исклучиво електронски. Исто така фирмите добиваат законска обврска редовно да ги пријавуваат промените на податоците во Централниот регистар. Исто така, се воведува забрана за купување или продавање удели во својата или во друга фирма за лицата кои на државата и останале должни за даноци, придонеси и слично. Освен ова, се оневозможува трговско друштво да основаат содружниците, управителите и членовите на органот на управување и органот на надзор на друштвата за кои е започната постапка за бришење, не само додека трае постапката, туку и за период од три години откога е објавено бришењето.

Вечер.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1